Користете ЛЕС без дилема – проблеми во говорот и јазикот ќе нема

Општа цел на проектот ЛЕС – „Логопедски едукативен софтвер“ е да се креира иновативен пристап во логопедскиот третман со примена на ИКТ за да се обезбеди мотивираност кај учениците со артикулаторни проблеми за активно учество во корективните третмани, преку искористување на можностите што ги нуди ИКТ. Директни корисници на проектните активности ќе бидат 80 корисници, 40 ученици/логопати опфатени со логопедски третман во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип и 40 нивни родители и дефектолози од Медицински центар, основните училишта и Дневните центри за деца со посебни потреби.