Почетна

Ч

  • ЧЕТКА
  • МЕЧЕ
  • МЕЧ

 

ВЕЖБИ

Преднојазична, тврдонепчена, висока, експлозивна и незвучна фонема. При нејзиниот изговор усните се малку издадени напред и прават заоблен отвор. Помеѓу долните и горните секачи постои мал отвор. Врвот на јазикот е подигнат на предниот дел од тврдото непце, а рабовите се допрени на горните катници. Гласилките не треперат. Мекото непце е подигнато. По средината на јазикот се создава жлеб. На дланката се чувствува топол удар на воздушна струја.

  • Слушање на гласот Ч (логатоми, зборови, реченици),
  • Покажување на правилна артикулација на гласот Ч.

Говорни вежби:

  • Чеканчето чука: чук-чук-чук!
  • Чавката ја бркаме: чаа-чаа-чаа.

Иницијална положба – отворен слог

  • ЧАЈ
  • ЧОКОЛАДО
  • ЧУК
  • ЧИНИЈА
  • ЧЕШЕЛ
 
ЧА:чаша, чанта, чавка, чај, чакал, чамец...
ЧО:чорба, човек, чоколадо, чоја, чочек...
ЧУ:чука, чудо, чун, чума, чува...
ЧИ:чинија, чита, Чифлик, чини, чинии...
ЧЕ:чекан, чесен, чедо, чело, чека, чешел, чевел...

 

Меѓувокална положба

  • МАЧЕ
  • ТОЧЕН
  • КУЧЕ
  • МИЧО
 
АЧА:пача, качам, мачам...
ОЧО:кочо, очовечи...
УЧУ:проучува, научува, доучува, случува...
ИЧИ:предничи, задничи, безделничи...
ЕЧЕ:мече, кече, облече, соблече, ѓеврече...

 

Финална положба

  • КОПАЧ
  • СКОЧ
  • КАУЧ
  • КИЧ
 
АЧ:копач, орач, терач, носач, берач...
ОЧ:скоч, своч...
УЧ:кауч...
ИЧ:брич, кич...
ЕЧ:меч, беч, дивеч...

Иницијална положба

  • ЧКРТА
  • ЧКРИПИ
  • ЧАМЕ
 
? ? ?
? ? ?
? ? ?

 

??? Чкрта, чкрипи, чмае

 

Меѓувокална положба

  • ПЕЧКА
  • МАЧКА
  • ЛИВЧЕ
  • ЦЕВЧЕ
 
ЧКА-ЧКО-ЧКУ-ЧКИ-ЧКЕ
ВЧА-ВЧО-ВЧУ-ВЧИ-ВЧЕ
ЧНА-ЧНО-ЧНУ-ЧНИ-ЧНЕ

 

ЧКА:верверичка, страчка, мачка, сачка, мечка, печка...
ЧКО:сончко, вештачко...
ЧКУ:премачкува, смачкува, намачкува...
ЧКИ:верверички, мечки, мачки, страчки, сачки, влечки...
ЧКЕ:бабичке, мамичке, дадичке, сестричке...
ВЧА:бавча...
ВЧО:овчо...
ВЧУ:вчудоневиди...
ВЧЕ:гравче, тавче, цевче, ливче...
ЧНА:почна, зачна, мачна...
ЧНО:сочно, вечно, течно...
ЧНИ:мачнини, вечни...
  1. Чадорот на Чедо е чуден.
  2. Чичо Томче е оџачар.
  3. Дечињата сакаат коњчиња.
  4. Палчо има малечко братче.
  5. Месечко го чува стадото од ѕвезди.
  6. Чана си купи моливчиња.
  7. Дечкото на Мина ја чека под чадорот.
  8. За мачорот се спрема свечен дочек.
  9. Детето чукна со чеканчето.
  10. Мачката се однесува чудно.

Запче

Едно црно запче
си седи во своето катче
не сака да се мие
затоа мора апче да пие.

Не – не му помогна ни апче
на тоа црно запче
штом не можеше да јаде
појде кај забар да го вади.