Почетна

Ш

  • ШУМА
  • ПИШУВА
  • КОШ

 

ВЕЖБИ

Фонемата Ш е преднојазична, тврдонепчена, висока, струјна и незвучна. Усните се истурени и заокружени. Горните и долните заби нензачително се допираат. Врвот на јазикот е подигнат и стои над горните секачи. Рабовите на јазикот се допираат на тврдото и мекото непце. По средината на јазикот се создава широк ќлеб. Гласилките не треперат. Ако ја ставиме дланката пред устата се чувствува топла и јака воздушна струја при артикулацијата на овој глас.

  • Развивање на акустичко внимание на овој глас( слушање на правилна артикулација во логатоми, зборови и реченици);
  • Покажување на правилна артикулација на гласот Ш;
  • Корекција на гласот (зонда, чист прст-врвот на јаизкот се подига зад горните секачи), скренување внимание на топлиот воздух при правилната артикулација на гласот;
  • Се диференцира артикулацијата на гласот С ( развлечени усни како при смеење, врвот на јазикот зад долните секачи).

Говорни вежби за фонемата Ш

  • Имитирање на локомотива : ШШШШШ-ШШШШ
  • Имитирање на пила : ШШК ШШК ШШК
  • Терање на кокошка: ИШ ИШ ИШ
  • Терање на куче: ОШ ОШ ОШ.

Иницијална положба – отворен слог

  • ШИЛО
  • ШЕШИР
  • ШАМИЈА
  • ШОФЕР
 
ША:шал, шајка, шатор, шамија, шапка, шампон, шатка...
ШО:шофер, шоља, шок....
ШУ:шума, шунка, шупелка, шупа, шум...
ШИ:шини, шие, шифра, шимпанзо, шише, шипка, шилец...
ШЕ:шешир, шега, шериф, шестар, шеќер, шест, шепа....

 

Меѓувокална положба

  • РЕШИ
  • САШЕ
  • МАША
  • ВИШОК
 
АШИ:наши, ваши, каши, прашина, машина...
АШЕ:наше, ваше, имаше, немаше...
АША:каша, ваша, наша, маша, прашак...
АШО:грашок, прашок, Сашо...
АШУ:прашува, распрашува, зашумено...
ОШИ:влоши, троши, бруцоши...
ОШЕ:Тоше, ќоше, влошен, трошење...
ОША:лоша, гроша, коша...
ОШО:лошо, Тошо, Ѓошо...
ОШУ:кошула, влошува, брошура...
УШИ:суши, мушички, буши, вруши...
УШЕ:руше, суше, крушенце, пуше...
УША:круша, суша, мушама, Вељуша, ушалка...
УШО:душо, Кушо, крушковиден...
УШУ:задушување, ислушува, исушува...
ИШИ:пиши, вдиши, лишизапиши, бриши...
ИШЕ:напише, запише, вдише...
ИША:ниша, нишам, виша, напишан,бришач...
ИШО:Мишо, вишок, шишок...
ИШУ:пишува, лишува, воздишува, издишува...
ЕШИ:реши, цреши, греши, старешина...
ЕШЕ:меше, реше, беше, решето...
ЕША:цреша, пешак, пешачи...
ЕШО:решо, црешов, пешоодец...
ЕШУ:мешунка, згрешува, измешува...

 

Финална положба

  • ТУШ
  • КОШ
 
АШ:наш, ваш, имаш, сакаш, ораш, апаш...
ОШ:лош, кош, брош, ќош, бош, грош...
УШ:туш, Кукуш, мануш...
ИШ:Ниш, Радовиш, алишта...
ЕШ:пеш, Тиквеш, леш...

Иницијална положба

  • ШПОРЕТ
  • ШМИНКА
  • ШТЕК
 

 

ШПА:Шпанија, шпага, шпагети, шпајз, шпартање, шпански...
ШПО:шпорет, шпора, шпота...
ШПИ:шпиритус, шприц, шпиц...
ШПЕ:шпедитер, шпедиција, шпекулант...
ШТА:штавел, штала, штаб, штампа, штафета...
ШТО:штоф, штом, штотуку...
ШТУ:штука, штурец, штрумфови, штукне...
ШТИ:Штип, штипка, штилка...
ШТЕ:штети, штеди, штембил, штедилница...
ШКА:шкампи, шкаф, шкарт...
ШКО:школка, Шкотска, школа, шкорче...
ШКЕ:шкембар, шкембе...
ШВА:Швајцарија, швајсапарат...
ШВИ:швица...
ШВЕ:шверц, Шведска...

 

Меѓувокална положба

  • ВИШНИ
  • ПАШТЕТА
  • КОКОШКА
  • ПУШКА
  • ТЕШКО
 
АШПА-АШВА-АШМААШНА-АШТА-АШКА
ОШПО-ОШВО-ОШМО-ОШНО-ОШТО-ОШКО
УШПУ-УШВУ-УШМУ-УШНУ-УШТУ-УШКУ
ИШПИ-ИШВИ-ИШМИ-ИШНИ-ИШТИ-ИШКИ
ЕШПЕ-ЕШВЕ-ЕШМЕ-ЕШНЕ-ЕШТЕ-ЕШКЕ

 

АШНА:машна, ташна, домашна, вчерашна, сегашна...
АШКА:машка, опашка, богаташка...
ОШНО:овошно...
ОШТО:зошто, одошто...
ОШКО:невролошко, Бошко, средношколец...
УШМУ:мушмула...
УШНУ:прислушнува, наслушнува, шушнува, дослушнува...
УШТУ:муштулук, излуштува, самораспуштува...
УШКУ:прислушкува, зашушкува, прошушкува...
ИШПИ:рингишпил...
ИШМИ:ишмирглај...
ИШНИ:вишни, училишни, дишни, годишник...
ИШТИ:пришти, вишти, затишти, поништи...
ИШКИ:мишки, нишки, воздишки, кикиришка...
ЕШМЕ:чешме...
ЕШТЕ:Нереште, свештенички, вештер, вештица, вжештен...
  1. Шана шие шарена кошула.
  2. Мише патува во Штип.
  3. Во шумата нешто шушка.
  4. Шерифот носи пиштол.
  5. Таше се шета на шеталиште.
  6. Ѓоше јаде каша.
  7. Мишко мие сок од шише.
  8. Боше шлапка во водата.
  9. Шенка ги стави крушите во кош.
  10. Швајцарија,Шведска и Шпанија се големи држави.

Дечиња шишарчиња

Дечиња умни во планина пошле
од шишарчиња мали
шапки направиле.

Борот на децата
вака им рече:
-чувајте ја шумата
од огнот што пече.
Војска од дечиња
шишарчиња смели,
на сите по патот совети им дели.