Почетна

К

  • КУЌА
  • БОКАЛ
  • СОК

 

ВЕЖБИ

Тие се заднојазични, меконепчани, високи фонеми. При нивниот изговор коренот на јазикот е подигнат наназд и нагоре и прави преграда со мекото непце. Врвот на јазикот е повлечен од забите и свртен надолу.Подјазичната ресичка (френулумот) не се гледа. Воздушната струја се чува до моментот на изговарот. Во моментот на изговорот кај преградата од задниот дел на јазикот и мекото непце се создава благо пукање. Двете фонеми имаат исто место и начин на изговор. Единствена разлика се јавува на релацијата незвучност-звучност. Фонемата К е незвучна, а Г е звучна.

  • Ако постои омисија на гласот – К – се тргнува од гласот Т. При тоа детето изговара: Т – ТА – ТА – ТА, на врвот на јазикот се притиска со сонда или шпатула и се турка внатре. Се слуша: ТЈА – ТЈА – ТЈА, а потоа КА – КА – КА. Супституцијата е најчесто со Т и Д. Постапката е слична.
  • При посебни случаи се практикува корекција и во став на лежење на плеќи. На овој начин задниот дел на јазикот полесно се подига кон непцето, а врвот паѓа на внатре.

Иницијална положба – отворен слог

  • КАМЕН
  • КУТИЈА
 
КА:капа, кафе, каса, камен, Кате, канта, каша, кал, кат, кашкавал...
КО:кокошка, кош, конец, коњ, кобила, кола, колач, Коле,кока-кола, комарец...
КУ:кула, куќа, Куманово, кукла, купувач, кутија...
КИ:кино, кифла, кибрит, кисело, Киро...
КЕ:кебап, кесе, кечап, келнер, кенгур...

 

Меѓувокална положба

  • ЈАКА
  • ФОКА
  • ПОКАЗАЛЕЦ
  • ПУКА
  • СУКАЛО
 
АКА:мака, лага, вака, така,скака...
ОКО:сокол, авиокомпанија...
УКУ:насукува, вшмукува...
ИКИ:слики, Вики, Мики-Маус...
ЕКЕ:шекер, рекети, штекер...

 

Финална положба

  • РАК
  • СОК
  • ЛУК
 
АК:рак, облак, лак, млак, сокак, точак...
ОК:шок, смок, сок, тивок, песок...
УК:лук, внук, звук, памук...
ИК:тик, пик, шик, бик...
ЕК:лек, век, бек, бурек, мек...

Иницијална положба

  • КЛОПЧЕ
  • КВАКА

 

Меѓувокална положба

  • СТАКЛО
  • ПЕТКА
  • ВИТКА
 
АКВА-ОКВО-УКВУ-ИКВИ-ЕКВЕ
АКДА-ОКДО-УКДУ-ИКЛИ-ЕКЛЕ
АЦКА-ОЦКО-УПКУ-ИПКИ-ЕПКЕ
АКСА-ОКСО-УКСУ-ИКСИ-ЕКСЕ
АКРА-ОКРО-УКРУ-ИКРИ-ЕКРЕ
СКА-СКО-СКУ-СКИ-СКЕ

 

АКВА:аквариум, некаква...
ИКВИ:тикви, антиквитет...
ЕКВЕ:фреквенција, секвенција...
ИКЛИ:штикли, мотоцикли, рециклира...
ЕКЛЕ:извлекле, соблекле, облекле, завлекле...
АЦКА:цацка, клацка...
ОЦКО:Боцко, Јоцко...
УПКУ:супкултура, раступкува...
ИПКИ:шипки, типки...
АКСА:такса, малакса, папса, навакса...
ОКСО:боксот...
УКСУ:луксуз...
ИКСИ:пикси, абаџиски, акциски...
ЕКСЕ:екселенција, рефлексен...
АКРА:накрај, закрака, сакрален...
ОКРО:мокро, покров...
УКРУ:полукружна...
ИКРИ:прикриени, мимикрија...
ЕКРЕ:секрет, декрет...
СКА:скапо, скапано, скапа, скачка, скакало...
СКО:Скопје, скока, скокало, скок...
СКУ:Скупи, скулптура...
СКИ:скине, скија, скијачки, скисели...
СКЕ:скеле, скеч, скенер...
  1. Кучето го касна Коста.
  2. Коце коси со коса.
  3. Кристина има кадрава коса.
  4. Кате мачка крем.
  5. Зајакот се вика Трајко.
  6. Кико го клоцна кучето.
  7. Зоки ги нареди коцките.
  8. Милка купи кафеав килим.
  9. Вики игра кошарка.
  10. Никола си ја скрши раката.

Кошмиче

И купија за Велигден
баба и деде
на внучката кошниче
црвени јајца да реде.

Но тоа мало
палаво дете
ја притисна кошничката
се скрши – ете.

Ќе ја поправи деде
се теши сама себе
тој поправа се
за мене – бато за тебе.