Почетна

Ж

  • ЖАБА
  • ТАЖЕН
  • НОЖ

 

ВЕЖБИ

Таа е преднојазична, тврдонепчена, висока, струјна и звучна фонема. При нејзиниот изговор усните се малку издадени напред и забите се одделени едно од друго колку два милиметри. Јазикот со страните се допира со тврдото непце. Во средината на јазикот се создава малечко коритце. Воздушната струја се лизга низ тоа коритце и поминува, струи низ предните заби. Единствената разлика меѓу фонемата Ш и оваа фонема е во звучноста. При нејзиниот изговор гласилките се активни, треперат.

  • Развивање на акустичко внимание за овој глас (слушање на правилна артикулација во логатоми, реченици и зборови),
  • Покажавување на правилна артикулација на гласот Ж,
  • Се диференцира артикулацијата на гласот З(развлечени усни како при смеење, врвот на јазикот зад долните секачи).

Говорни вежби:

  • Подржување на зуењето на бумбарот-жу-жу-жу-жу

Иницијална положба – отворен слог

  • ЖАБА
  • ЖОЛТО
  • ЖУБОРИ
  • ЖИТО
  • ЖЕНА
 
ЖА:жаба, жалба, жал, Жарко, жар...
ЖО:жоржет, жолт, жонглер, жолтица...
ЖУ:жубор, жубуркање. Жупан, журнал...
ЖИ:жирафа, жито, жирант, животно, жила, жито, жица...
ЖЕ:желка, желба, жена, желудник, желе, железо, жега...

 

Меѓувокална положба

  • ЛАЖИЦА
  • НОЖЕ
  • ПИЖАМИ
  • ТЕЖОК
  • КАЖУВА
 
АЖА:лажа, плажа, стража...
ОЖО:ножот, златножолт...
УЖУ:услужува, здружува...
ИЖИ:мижи, лижи, грижи, движи...
ЕЖЕ:леже, бележе...

 

Финална положба

  • НОЖ
 
АЖ:маж...
ОЖ:нож...
ЕЖ:грмеж, бакнеж, стремеж, крлеж...

Иницијална положба

  • ЖБУН
  • ЖДРЕБЕ
 

 

ЖВА: жвака...

 

Меѓувокална положба

  • ТАЖНО
  • КОЖНО
  • КРАЖБА
  • ВИНОЖИТО
  • ВЕЖБА
 
АЖВА-АЖТА-АЖНО-АЖКО-АЖГО
ОЖВО-ОЖТО-ОЖНО-ОЖКО-ОЖГО
УЖВУ-УЖТУ-УЖНУ-УЖКУ-УЖГУ
ИЖВИ-ИЖТИ-ИЖНИ-ИЖКИ-ИЖГИ
ЕЖВЕ-ЕЖТЕ-ЕЖНЕ-ЕЖКЕ-ЕЖГЕ

 

АЖНО:лажно, важно...
АЖГО:лажго...
ОЖНО:ножно, кожно, можно...
УЖНУ:услужнува, заслужнува...
ИЖНИ:лижни...
ЕЖНЕ:дотежне, тежнее, тежнење, жежне, натежне...
  1. Жарко отиде на журка.
  2. Кожата на Живко е жешка.
  3. Житото се жнее во лето.
  4. Жолтото куче на Жана за’ржи.
  5. Ждребето Жежо ждригна.
  6. Железото се чука додека е жешко.
  7. Ежот живее во шумата.
  8. На Живка и се закачи крлеж.
  9. На планината Кожув врне дожд.
  10. Жаре и подари бакнеж на Жана.

Виножито на есента

Есента е виножито
со прекрасни бои
на гранките натежнати
плодот сочен стои.

Есента е сликар
со природни бои
на божилак личи
на небото што стои.

Есента има гроздови сочни
круши, сливи слатки
под листовите ѕиркаат
бадеми, ореви со јатки.