Почетна

Л

  • ЛИМОН
  • ЛУЛЕ
  • ШАЛ

 

ВЕЖБИ

До сега во македонскиот јазик не се зборувало поконкретно за оваа фонема. Не се говорело за двете положби во допир со вокалите од преден и од среден и заден ред, односно за фонемата Л пред вокалите И и Е и за фонемата Л пред вокалите А, О и У. Можеби тука е и збунувањето што, кога и ќе кажеме буквата или гласот Л, ја разбираме тврдата фонема Л, како што се изговара пред вокалите А, О и У. И бидејќи владее едно чудно правило меѓу луѓето: пишувај како што слушаш, читај како што е напишано – проблемот е веќе на виделина. Голем дел од нашата млада генерација оваа фонема ја идентификува и изговара само како тврда фонема и, на тој начин, е веќе дојдено да се изговара исто како и пред предните и пред задните вокали. Па дури и во ретките зборови кога е пред консонантот Ј.

Артикулација: детето треба да има јасна акустичка претстава за глас да не го меша со гласот В или со некој друг.

Устата е пододтворена. Врвот на јазикот се допира на горните алвеоли и прави преграда. Рабовите на јазикот се опуштени. Мекото непце е подигнато. Усните се пасивни. Воздушната струја потекнува од обете страни на јазикот. Кај гласот Л колку повеќе е послободен преминот на воздухот од обете страни на јазикот, толку повеќе гласот е појасен и поправилен. Гласилките треперат. Гласот Л е звучен глас.

  • Слушање на правилен изговор на гласот Л
  • Моториката на јазикот (разни движења)
  • Врвот на јазикот се поткрева со сонда или шпатула
  • Детето го изговара гласот А, а при крајот на фонацијата се подига врвот на јазикот за изговор на гласот Л

Иницијална положба – отворен слог

  • ЛОКУМ
  • ЛИМОН
 
ЛА:лав, лажица, Лазо, ламба, ластовица, лале, лак...
ЛО:лов, ловец, лозје, лој, Лондон, лом...
ЛУ:луле, лубеница, лушпа, лук, лулка, лута...
ЛИ:лице, лисица, ливада, лига, Лилјана, лист...
ЛЕ:лек, лектира, лешник, лебед, лекар...

 

Меѓувокална положба

  • ПЧЕЛА
  • ЧЕЛО
  • ВИЛА
  • КУЛА
  • ЛУЛАШКА
  • МАЛА
  • БАЛОН
 
АЛА:мала, шала, сала, дала, алат, салата...
ОЛО:коло, школо...
УЛУ:тулумба, залулува...
ИЛИ:сили, вили, мили,чили, автомобили...
ЕЛЕ:теле, меле, веле, Ѓеле, беле...

 

Финална положба

  • ГОЛ
  • ПУЛ
  • ТИЛ
  • ЃЕЛ
 
АЛ:шал, бал, дал, мал, јал, жал, бокал...
ОЛ:вол, ѓол, бол, сол, гол...
УЛ:тул...
ИЛ:мил, шил...
ЕЛ:ѓел, вел, зел, бел, тел...

Меѓувокална положба

  • БЛОК
  • ПЛАНИНА
  • СЛАТКО
  • ВЛАКНО
  • МЛАДО
  • КЛУЧ
  • КЛОВН
  • ГЛУШЕЦ
  • ГЛОБУС
 
БЛА-БЛО-БЛУ-БЛИ-БЛЕ
ВЛА-ВЛО-ВЛУ-ВЛИ-ВЛЕ
ГЛА-ГЛО-ГЛУ-ГЛИ-ГЛЕ
КЛА-КЛО-КЛУ-КЛИ-КЛЕ
МЛА-МЛО-МЛУ-МЛИ-МЛЕ
ПЛА-ПЛО-ПЛУ-ПЛИ-ПЛЕ
СЛА-СЛО-СЛУ-СЛИ-СЛЕ
ТЛА-ТЛО-ТЛУ-ТЛИ-ТЛЕ
ФЛА-ФЛО-ФЛУ-ФЛИ-ФЛЕ
ШЛА-ШЛО-ШЛУ-ШЛИ-ШЛЕ

 

БЛА:благ, Блага, Блатец, Благој, блада...
БЛО:блок, облози,блокада...
БЛУ:блуза, блуткав...
БЛИ:близу, блика, облик...
БЛЕ:блее, заблеска, блед...
ВЛА:Влада, Власи, Влатко, владеење, влакно...
ВЛО:влоши, влошка, вложи...
ВЛИ:влијание, влив, влијателен...
ВЛЕ:влечка, влези, влекач, Павле...
ГЛА:глава, главоболка, гласи, главен...
ГЛО:глода, глодачи, глобус, зглоб, агломер...
ГЛУ:глупав, глувче, глуварче, глув, глужд...
ГЛИ:глиста, Глигор, агли, англиски, Англија...
ГЛЕ:гледа, глетка, глеѓ, глечер...
КЛА:класи, клава, клада...
КЛО:клопче, клон, кловн, клопец, фолклорен...
КЛУ:клуч, клуб, автоклуб...
КЛИ:клима, клиника, клик, клиент, клин...
КЛЕ:клетка, клеточен, клевета...
МЛА:млад, младост, млак, млазен,...
МЛО:дамлоса...
МЛИ:млитав, примамлив, дремлив, занимлив...
МЛЕ:млеко, млечно, млекар, млечник...
ПЛА:плата, Плаошник, плав, пластика, пластично, планина, пладне...
ПЛО:плотна, плодност, плод, плодница, плови, воздухопловство...
ПЛУ:плуча, плука, плунка, плускавица, плуг, плус...
ПЛИ:плива, плитко, плик, плин, плима...
ПЛЕ:сплете, плетенка, плевен, племе...
СЛА:Слаџана, слатко, слатки, сладолед, слама...
СЛО:слобода, слога, сложи, Словен, Словачка...
СЛУ:случи, размислува, слуга, случува...
СЛИ:слика, сликарство, мисли, сливи...
СЛЕ:слезе, следи, слезина, слее, наследно...
ТЛА:атлас, Атланта...
ТЛО:светло, светлосин...
ТЛУ:осветлување...
ТЛИ:светлина, светли...
ТЛЕ:Светле, метлее, Витлеем, атлет, витлер...
ФЛА:фламинго, ќифла, фламенко, пафлак...
ФЛО:флор, флота, флора, тефлон...
ФЛУ:флуентен, флуид, инфлуенца...
ФЛИ:флита, вафли, ќифли, конфликт...
ФЛЕ:флејта, флеш, флека, рефлекс...
ШЛА:шлаг, дошла, виршла, кашла...
ШЛО:шлогира, дошло,ошло, нашло...
ШЛУ:шлупка, расчешлува, шлупкање...
ШЛИ:шлиц, виршли, болешлив, задушлив...
ШЛЕ:шлем, шлеп, шлепер, нашле, дошле...
  1. Лебедот плови во водата.
  2. Коле гали пиле.
  3. Лена пие чај од липа.
  4. Ленка купува лимони.
  5. Ливадата е полна со сено.
  6. Пале носи лесна облека.
  7. Виолета најде илјадарка.
  8. Коле свири на флејта.
  9. Лана пие млеко.
  10. Планината е бела како млеко.

Лавче

Едно мало лавче
гордо крева глава
се прави важно
со стројната слава.

Си замислува тој
дека е некој крал
не знае кутрото
дека уште е мал.

Тоа гордо лавче
на секој во класот
желно за слава
наредби му дава.

Штом дождец падна
го натопи тој крал
тогаш тој сфати
дека тронот бил од кал.