Почетна

Џ

  • ЏИП
  • ЏУЏЕ
  • БЕЏ

 

ВЕЖБИ

Таа е преднојазична, тврдонепчена, ниска, експлозивна и звучна фонема. При нејзиниот изговор усните се малку издадени напред и забите се одделени едно од друго колку два милиметри. Врвот на јазикот е насочен кон алвеолите: средината на јазикот прави преградувања, воздухот е збиен зад преградата, мекото непце е деигнато. Преградата делумно се подигнува, се создава жлеб и воздухот минува низ жлебот, слично како за гласот Ч. Ударот на воздушната струја може да се почувствува на дланката. При изговор треперат гласилките.

  • Нављудување на правилната артикулација на гласот
  • Слушање на правилната артикулација на гласот Џ

Иницијална положба – отворен слог

  • ЏАМИЈА
  • ЏОНИ
  • ЏЕБ
 
ЏА:џам, џамија,џамлија, џагор, џандар...
ЏО:Џокеј. Џони...
ЏУ:џуџе, џунџуле, џунгла, џумка, џумбуш, џудо...
ЏИ:џигер, џип, џин, Џими...
ЏЕ:Џери, џеб, џемпер, џем, џек...

 

Меѓувокална положба

  • КАВГАЏИЈА
  • ОЏАК
 
АЏА:баџа, аџамија, махараџа...
ОЏО:коџобашија...
УЏУ:суџук, уџум...
ЕЏЕ:фереџе, пенџере, дереџе...

 

Финална положба

ИЏ:бриџ, имиџ....
ЕЏ:беџ...

Иницијална и меѓувокална положба

  • ЏВАКА
  • ЏГАН
  • МАНЏА
  • КАНЏИ
  • ТЕНЏЕРЕ
 
ЏВА-ЏВО-ЏВУ-ЏВИ-ЏВЕ
ЏКА-ЏКО-ЏКУ-ЏКИ-ЏКЕ
ЏГА-ЏГО-ЏКУ-ЏКИ-ЏКЕ
НЏА-НЏО-НЏУ-НЏИ-НЏЕ

 

ЏВА:џвака, соџвака, заџвака, изџвака...
ЏГА:џган...
НЏА:манџа, канџа...
НЏО:бенџо...
НЏУ:пинџур џунџуле...
НЏИ:манџи, канџи, банџи, меанџија...
НЏЕ:пенџере, тенџере...
  1. Кучето Џони џвака.
  2. Џинот има шарен џемпер.
  3. Џуџето Џемо е оџачар.
  4. Џими вози џип.
  5. Џоџа скрши џам.
  6. Џаџо јаде џем.
  7. Џими тренира џиу-џицу.
  8. Оџата е голем аџамија.
  9. Бозаџијата продава боза во филџани.
  10. Манџата е во тенџерето

Џивџи

Џив, џив, џивка
мало пиле
во џебот на Миле.

Џоко го најде на патот
повредено било
кутрото, џивџи си скршило крило.