Артикулацијата на овој глас е слична со артикулацијата на гласовите „П“ и „Б“ според создавањето на препреката на воздушната струја (со усните). Гласот „М“ е звучен и има назален призвук, карактеристичен за овој глас.
Гласот „М“ не се изговара или се изговара недоволно јасно поради пречки во дишењето на нос. Причини за ова можат да бидат полипи во носот, девијација на носната коска, зголемен трет крајник, отечени крајници. Корекцијата на говорниот недостаток се врши со медицинска постапка за отстранување на органскиот дефект, со логопедски вежби за дишење на нос и на уста и со артикулација на гласот „М“. Со детето се вежбаат слоговните вежби за „М“ во иницијална, медијална и финална положба и притоа со прстот н носот се контролира треперењето на ноздрите ( додеа не се воспостави гласот „М“). Диференцирањето на „М“ од „Б“ и „П“ во зборови се врши со предупредување на детето да слуша, а потоа да ги изговара и да ги пишува гласовите м-б, слоговите ма-ба, мо- бо итн.ма- па, мо – по и понатаму со другите самогласки. Потоа се вежба диференцијацијата во зборови, а автоматизацијата на гласот „М“ се врши со изговарање и пишување на зборови во кои гласот „М“ се наоѓа на почетокот, на крајот и во средината.