Почетна

Ц

  • ЦЕТКА
  • РАЦЕ
  • КОНЕЦ

 

ВЕЖБИ

Оваа фонема е преднојазична, ниска, експлозивна и незвучна. Се изговара на истото место како и фонемите З и С. Јазикот се поставува зад долните секачи, а воздушната струја се насочува во средината на жлебот на јазикот. Воздушната струја не струи меѓу тесниот отвор меѓу забите (горни и долни), ами тука се создава „експлозија“, благо пукање. Значи, воздушната струја се задржува за миг. Оградата ја создава јазикот Забите се доближани колку на милиметар. Усните се затегнати благо, како за насмевка, а врвот на јазикот е свртен малку надолу, веднаш зад доближаните предни заби.

Работа на аудитивниот развој:

Детето треба да ја воочи акустичката структура на гласот и неговата положба во зборот. Се успорува изговорот на детето и преку расчленувањето на зборот во слогови, да се искаже гласот „Ц“ што недостасува. Тоа може преку игри: коцки, а на секоја коцка еден глас и се составува зборот на пример ОВЦА;

Работа на аудитивно-артикулационото добивање на гласот:

Ова се постигнува преку правилното насочување на воздушната струја и правилната обработка на говорните органи (врвот на јазикот зад долните секачи) и тука се тргнува од усисување на воздух.

За добивање на гласот Ц најлесно се тргнува од гласот Т и малку се продолжува. Во почетокот се слуша Т-С. Треба изговорот да се убрзува и Т-С ќе се слее во Ц.

Иницијална положба – отворен слог

  • ЦОНЕ
  • ЦУЦЛА
  • ЦИГАРА
 
ЦА:цар, царица, Цане, цапа, царство...
ЦО:цокол, цопа, Цоца, Цаци, Цона...
ЦУ:цуцла, цут, цуца, Цуле, цути...
ЦИ:цигара, цица, цивка, ципа, Цине...
ЦЕ:цевка, цеди, цене, цедило, цепи, цепка, цепаница...

 

Меѓувокална положба

  • БОЦА
  • ПЕЦО
  • ПРЕЦУТИ
  • ЕЛЕЦИ
 
АЦА:Маца, паца, каца, цаца, ваца...
ОЦО:коцо, коцори, Боцо...
УЦУ:куцул, цуцуле, муцуле, буцуле...
ИЦИ:сијалици, бројалици, официјална, ајдучица, улици...
ЕЦЕ:Пеце, абецедар, нецеден, абецеда...

 

Финална положба

  • ПАЛЕЦ
  • КАТАНЕЦ
 
АЦ:мац, маслац...
ОЦ:боц, доц, тоц...
УЦ:куц, туц, буц, гуц...
ИЦ:шприц, шлиц, виц...
ЕЦ:јунец, колец, молец, палец, показалец, венец, мамец, катанец, танец, старец, ловец, конец, црнец, црнец, селанец, месец, конец...

Иницијална положба

  • ЦВЕЌИЊА
 

 

ЦВЕ цвети, цвеќе, Цветанка, Цветко, цветови...

 

Меѓувокална положба

  • КОЦКА
  • ИСЦЕДИ
  • ПЕРЦЕ
  • ПРЦЛИЊА
 
ЦКА ЦКО ЦКУ ЦКЕ
ЦНА ЦНО ЦНУ ЦНИ ЦНЕ

 

ЦКА:коцка, олцка, лацка, пацка, крцка,грицка, срцка...
ЦКО:коцко, сецко, цацко, бацко, крцкоти...
ЦКУ:срцкува, малкуцку, закрцкува, набуцкува...
ЦКЕ:коцкест, коцкесто...
ЦНА:тацна...
ЦНО:доцно...
ЦНУ:задоцнува, клоцнува,мацнува...
ЦНИ:доцни, боцни...
ЦНЕ:мацне, сецне...

Цреши

Црешичке – црешичке
бела или румена
како обетка на гранка
зошто си обесена?

Покажи се денес
како сонце грееш,
румена или златна
под листот се смееш.

Црешичке – црешичке
рака денес пружам
со тебе, црешичке,
сакам да се послужам.