Почетна

В

  • ВОДА
  • МУВА
  • ЛАВ

 

ВЕЖБИ

Гласот В се артикулира слично на гласот Ф. При неговиот изговор учествува долоната усна и горните секачи, а гласниците треперат. Овој глас е звучен. Воздушната струја кај овој глас во однос на гласот Ф е послаба и гласот В според траењето е краткотраен. И при артикулацијата на овој глас мекото непце е подигнато.

Гласот „В“ може да не се артикулира кога постои дефект на долната усна и горните секачи. Недостатоци од функционален карактер се : неизговарање на гласот „В“ или негова замена со гласот „М“ кога детето силно ќе ја стисне долната усна со горните секачи и ќе го спречи формирањето на тесниот премин за воздух помеѓу усните и забите (воздушната струја тогаш поминува низ носот и тогаш доаѓа до назален изговор или замена со гласот „М“). Друг функционален недостаток е кога гласот „В“ се заменува со гласот „Ф“ (поради не треперење на гласниците) односно поради недоволна аудитивна дискриминација на овие два гласа кај наглувите деца или кај децата со недоволно развиен фонематски слух.

Формирањето на гласот В се изведува на два начина:

  1. На детето му се покажува положбата на говорните органи и веднаш се изговара гласот.
  2. Се почнува од изговорот на гласот „Ф“ тивко, логопедот и детето наизменично го изговараат и во еден момент логопедот започнува да го изговара гласот „В“, а детето слушајќи ќе го забележи новиот глас и според примерот на логопедот спонтано ќе продолжи да го изговара.

Иницијална положба – отворен слог

  • ВЕСЛО
  • ВУЈКО
 
ВАваза, Ване, Валентина, Васко, вагон...
ВЕветар, весник, веселба, венец, весло...
ВИвид, високо, виолина, вино...
ВОвода, воз, војна, вол, волк...
ВУвујко...

 

Меѓувокална положба

  • ТАВА
  • НОВИ
  • СУВА
  • НИВА
  • ОВЕН
 
АВАтава, глава, Сава, брава, лава...
АВОзаводник, Саво, ѓавол...
АВИтави, навика, лавина, Давид...
АВЕнавек, јавен, главен, завет....
ОВАнова, готова, Јован, ковач...
ОВОново, поволен, Јово...
ОВИнови, лови, плови...
ОВЕНове, човек, довек...
УВАмува, дува, сува, чува...
УВОсуво, глуво...
УВИмуви, суви, глуви...
УВЕуверен ...
ИВАнива, сива, плива, грива...
ИВОпиво, живот, бивол...
ИВИживина, дивина...
ИВЕСтивен, живее...
ЕВАтрева...
ЕВОлево, девојка, Стево...
ЕВИневистина, плеви, невина...
ЕВЕневеста, север, невен...

 

Финална положба

  • ПРАВ
  • НОВ
  • СУВ
  • СИВ
  • МЕВ
 
АВлав, грав, прав, корав, сплав...
ОВнов, ров, кров, готов...
УВсув, пердув, Кожув...
ИВдив, жив, слив...
ЕВмев, лев, грев...