Почетна

Г

  • ГУМА
  • НОГА
  • РОГ

 

ВЕЖБИ

Тие се заднојазични, меконепчани, високи фонеми. При нивниот изговор коренот на јазикот е подигнат наназд и нагоре и прави преграда со мекото непце. Врвот на јазикот е повлечен од забите и свртен надолу.Подјазичната ресичка (френулумот) не се гледа. Воздушната струја се чува до моментот на изговарот. Во моментот на изговорот кај преградата од задниот дел на јазикот и мекото непце се создава благо пукање. Двете фонеми имаат исто место и начин на изговор. Единствена разлика се јавува на релацијата незвучност-звучност. Фонемата К е незвучна, а Г е звучна.

Артикулација: Артикулацијата на гласот Г е слична како и на гласот К, освен што овој глас Г е звучен

Корекција: Корекцијата на овој глас е исто како на гласот К. Место од Г тука се тргнува од звучниот глас Д. Постапката е потполна иста.

Вежби за усвојување и примена на гласот Г

  • Гулабот гуга: Гу-гу-гу!
  • Гавранот грачи: Га –га-га!
  • Гуската вика: Га-га-га!

Иницијална положба – отворен слог

  • ГАЛЕБ
  • ГОТВИ
 
ГА:гавран, галеб, гаража, газа, гајда, гасеница, гатанка...
ГО:гол, готвач, голем, Горан, говедо...
ГУ:гуска, гуша, гугутка, густо, гука...
ГИ:гитара, гимназија, гипс, Гица...
ГЕ:гепард, Гевгелија, Германија...

 

Меѓувокална положба

  • ВАГА
  • ГУГУТКА
 
АГА:магаре, магарица, тага, лага...
ОГО:согори, кого...
УГУ:гугутка...
ИГИ:оригинален, дигитален...
ЕГЕ:легенди, вегетеријански, Егеец...

 

Финална положба

  • ПРАГ
  • БИГ
  • БРЕГ
 
АГ:благ, праг, таг...
ОГ:блог, глог, смог...
УГ:југ, туг...
ИГ:миг...
ЕГ:тег, белег, снег...

Иницијална положба

  • ГЛАВА
  • ГЛЕДА
  • ГЛИНА
  • ГЛУМЕЦ

 

Меѓувокална положба

  • ДИГНА
  • СТЕГНА
  • ЛЕГНА
 
АГВА-ОГВО-УГВУ-ИГВИ-ЕГВЕ
АГЛА-ОГЛО-УГЛУ-ИГЛИ-ЕГЛЕ
АГРА-ОГРО-УГРУ-ИГРИ-ЕГРЕ

 

АГЛА:нагласување, согласување, магла...
ОГЛО:хемоглобин, доглода...
ИГЛИ:иглички, кригли...
ЕГЛЕ:преглед, мегле, тегле...
АГРА:аграр, заграден...
ОГРО:огромен...
ИГРИ:емигрира, изигри...
ЕГРЕ:регрес, прегрее...
  1. Горан ја шета догата.
  2. Гаго се гледа во огледало.
  3. Гулабот лета горе на небото.
  4. Гоце е многу горд.
  5. Гостинот донесе гурабии.
  6. Гоца се вози во гондола.
  7. Гуги многу сака да се гушка.
  8. Гого има голема глава.
  9. Глушецот глода.
  10. Во големиот двор има гуска и гавран.

Градината на дедо

Дедо градина копа кромитче – лукче сади
и зелка со големи глави
во неа ќе се роди.

Вреден е дедо
ги залева вода
ги храни со ѓубре
од белата коза.

Се е подредено
во вистински строј
и се се родило
во голем број.

Градината е како пазар
се што баба бара
дедо носи
без да даде ниту една пара.