Почетна

Н

  • ТЕЛЕФОН
  • ВИНО
  • НОС

 

ВЕЖБИ

Во формирањето на овој глас учествуваат јазикот, горните алвеоли, мекото непце и носот. Артикулацијата протекува на следниот начин: врвот на јазикот се потпира на горните алвеоли, а неговите рабови се потпираат на страничните алвеоли. Во моментот на изговорот врвот на јазикот нагло се одвојува од алвеолата со што се отстранува препреката на воздушната стуја, еден дел од неа минува низ устата, а другиот дел низ носот каде што гласот добива назален призвук. Гласот е звучен, гласниците треперат, а устата е умерено отворена.

Присутни се следните неправилности: негово потполно отсуство, неправилен изговор и негова замена со гласот „д“ а поретко и со гласот „т“. Причини за овие неправилности се: пречки во дишењето на нос поради полипи, девијации и др. Во носот, присуство на трет крајник, неправилна функција на мекото непце и недоволно развиен фонематски слух.

Корекцијата се изведува со медицинска интервенција, логопедска работа и со артикулација на гласот. Артикулацијата на гласот може да започне со гласот„Д“ така што детето и логопедот изговараат наизменично „дддд“ а потоа логопедот изговара „ннннн“ ,а според примерот изговара и детето. Отсранувањето на замената на гласот се врши со вежби за развивање на фонематскиот слух.

Иницијална положба

  • НАМЕТКА
  • НЕСИ
  • НИЗОК
  • НОЖИЦИ
  • НУЛА

Меѓувокална положба

  • БРАНА
  • ПЕЛЕНИ
  • СКИНА
  • КОЛОНА
  • КРУНА

Финална положба

  • ПЛАН
  • ДЕН
  • СИН
  • ТОН
  • КЛУН