Почетна

Д

  • ДЕТЕ
  • ЕДЕН
  • МЕД

 

ВЕЖБИ

Таа е преднојазична, забна, ниска, пуклива и звучна фонема. При нејзиниот изговор забите се доближани, но не се допрени. Врвот на јазикот ги допира предните заби од внатрешната страна. Тука се создава преграда. Воздухот се задржува и во моментот на изговорот се испушта за миг како благо пукање. При создавањето на пукањето гласилките треперат. Значи за разлика од фонемата Т, оваа форма е звучна.

Иницијална положба – отворен слог

  • ДАДА
  • ДОБАР
  • ДУПКА
  • ДИЊА
 
ДА:дада, Дамјан, далечина, даска, Даниела...
ДО:добрина, долина, добивка, доказ, добар, документ...
ДУ:дупка, дубак, Дунав, Дуле, дукат...
ДИ:диња, дигалка, динар, диво...
ДЕ:дете, ден, десно, девет, детелина, декан...

 

Меѓувокална положба

  • КАДА
  • ПОДАВА
  • САДОВИ
  • НАДУВА
  • МЕДО
  • РАДУВА
  • СЕДИ
 
АДА:када, млада, зграда,фасада...
ОДО:бродови, бодови, јодот, плодови...
УДУ:изнудува, понудува, зачудува...
ЕДЕ:вреден, беден, среден, жеден, исцеден...
ИДИ:Лидија, ѕидина, видик...

 

Финална положба

  • САД
  • МЕД
  • РИД
 
АД:млад, сад, глад, чад...
ОД:брод, свод, јод, народ, код, род...
УД:ќуд, суд, луд...
ИД:рид, вид, ѕид, Халид...
ЕД:блед, жед, мед, ред, пред...

Иницијална положба

  • ДЛАБИ
  • ДВЕ

 

Меѓувокална положба

  • ПАДНА
  • ЗДЕНКА
  • СЕДНА
  • КАНДИЛО
  • ПЛАДНЕ
  1. Даниел е добар дечко.
  2. Драган седна под дрвото.
  3. Дедото оди до ѕидот.
  4. Другарите Дане и Диме седнаа на клупата.
  5. Димитар доаѓа од Дебар.
  6. Деновите од одморот завршија.
  7. Драгана е здрава како дрен.
  8. Данче е добра фудбалерка.
  9. Доминик донесе голем креденец.
  10. Дедо Доне отиде на одмор.

Јаболко

Јаболкницата наша
здрави јаболка роди
верувајте,деца,
и вам тоа ќе ви годи.

Од јаболчето здраво
и црвчето јаде
и тебе,мило,
здравје ќе ти даде.

По едно јаболко,чедо,
јади секој ден
за да бидеш,мило,
здраво како дрен.